Гутереш повикува да се прекинат одмаздите: Крајно време е да се запре опасниот циклус на репресалии на Блискиот Исток

од Симе Стоиков
179 прегледи

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска предупреди дека „крајно време е да се запре опасниот циклус на репресалии на Блискиот Исток“, изјави портпаролот на Гутереш, Стефан Дијариќ.

Дијарик изјави дека Гутереш го осудува секој чин на одмазда и апелира до меѓународната заедница да работи на спречување на понатамошниот развој на ситуацијата што може да доведе до катастрофални последици за целиот регион на Блискиот Исток и пошироко, објави Ројтерс.

Неименуван ирански функционер претходно денеска, по извештаите на светските медиуми дека Израел извршил напад на иранска територија и дека одекнале експлозии во иранскиот град Исфахан, изјави дека не е потврдено дека инцидентот бил предизвикан од странство.

– Не утврдивме никаков надворешен напад, а истрагата повеќе се наклонува кон некој што се инфилтрира, отколку кон напад што дојде надвор од земјата, пренесува Ројтерс. Тој изјави дека Иран нема непосредни планови да му се одмазди на Израел.

Американски функционер претходно изјави за Си-Ен-Ен дека Израел го нападнал иранскиот град Исфахан како одмазда за иранскиот напад врз Израел на 13 април, а иранските медиуми објавија дека три беспилотни летала биле соборени над Исфахан.

Иран го нападна Израел на 13 април со околу 300 беспилотни летала и проектили како одмазда за нападот на Израел врз конзулатот во Дамаск на 1 април во кој загинаа командантот на иранската револуционерна гарда во Сирија и Либан, Мохамад Реза Захеди и неговиот заменик, како и пет полицајци кои ги придружувале.

Слични содржини