Гувернерот на Народната банка на Словачка казнет со 100.000 евра поради мито

од Nikola Popovski

Гувернерот на Народната банка на Словачка и член на комитетот на Европската централна банка (ЕЦБ), Петер Казимир e осуден за мито со парична казна од 100.000 евра. Специјалниот суд во Словачка соопшти дека му изрекол условна казна на Касимир на две години, јавуваат агенциите.

Сепак, пресудата била донесена без судење и не е правосилна, а државното обвинителство набрзо поднело жалба и предметот го вратила на суд. Казимир исто така може да поднесе жалба.

Казимир е обвинет дека добил мито од 48.000 евра на шефот на даночната служба во Словачка за услуги поврзани со даночната истрага на приватни компании.

Деталите за случајот не и се познати на јавноста бидејќи немало судење.

Казимир се уште не ја коментирал пресудата, но претходно негирал дека сторил какво било кривично дело.

Словачкиот премиер Едуард Хегер го нарече „неприфатливо“ Казимир да остане гувернер на Народната банка.

Словачка е една од 20-те земји кои го користат еврото, а Казимир е член на Управниот совет на Европската централна банка, кој ја регулира монетарната политика на 20-те земји-членки на монетарната унија. ЕЦБ соопшти дека нема да коментира за случајот.

Казимир е обвинет дека го прекршил законот додека бил министер за финансии од 2012 до 2019 година во левичарската влада на популистичкиот премиер Роберт Фицо.

Новата влада ја направи борбата против корупцијата клучно политичко прашање.

Откако таа ја презеде власта, голем број високи функционери, полицајци, судии, обвинители, политичари и бизнисмени се обвинети за корупција и други кривични дела.

Слични содржини