Гужви во автобуси, свирежи од автомобили: Скопје, триесет минути пред полицискиот час (фото)

од Берта Китинска
355 прегледи

За помалку од половина час настапува забраната за движење по улиците.

Скопјани набрзина ги завршуваат своите последни подготовки за најдолгиот полициски час.

Ова е согласно одлуката на Владата за забрана на движење за време на викендите што се применува од минатата недела. Полицискиот час и утре ќе почне од 16 часот и ќе трае до 05 следниот ден.

Сите јавни установи и приватни компании што работат за време на викенд, треба да се приспособат на новите ограничувања за движење и да го завршат работниот процес најдоцна до 15:00 часот.

Од забраната се изземени земјоделците што одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности поврзани со производство во пластеници. Другите земјоделци, од останатите подсектори (сточари, овоштари, поледелци) ако имаат неодложни активности поврзани со земјоделското производство за време за забрната за движење, треба телефонски да се јават во подрачните единици на Министерството за дозвола.

Слични содржини