Гвардиола: Челси или Ривер Плата се најдобри во светот, ние не сме

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола покажа скромност и ги отфрли шпекулациите дека неговиот тим е најдобар во светот, откако „граѓаните“ ја зголемија предноста на врвот во Премиер лигата на 12 бода.

Синоќа Сити победи со 2-0 против Брентфорд и ја продолжи серијата на 14 натпревари без пораз.

„Јасно е дека не сме најдобриот тим на светот. Најдобар тим е Челси кој ја освои Лигата на шампионите или Ривер Плата, кој е прв во Јужна Америка. Не знам кој од двата е подобар. – изјави Гвардиола.

„Најважно од натпреварот со Брентфорд е што ги освоивме трите бода и за три дена одиме повторно на три бода во Норвич. И не ми е гајле кој мисли кој е најдобар. Сакам само да бидам среќен и да играме подобро секој ден. Конечно ќе видиме кој каде ќе се пласира“, изјави поранешниот тренер на Баерн (Минхен) и Барселона.

Гвардиола може да се пофали со три титули во Англија од преземањето во 2016 година, како и едно финале во Лигата на шампионите минатата година.

„Мислам дека во моментов сме во добра позиција, имаме 60 бодови. Дефинитивно треба да се пласираме во Лигата на шампионите следната сезона, бидејќи тоа е најважната цел. А потоа да победиме во следните натпревари, да се бориме за титулата во земјата.Ова е она што сакам да го направам“, изјави шпанскиот менаџер.

Слични содржини