15
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го смета напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси за најдобар фудбалер во историјата.
„Меси покажува доследност на секои три дена веќе 15 години. Тој е единствен, нема никој друг како него“, рече Гвардиола, цитиран од Че Темпо Че Фа.
Гвардиола беше тренер на Меси во Барселона од 2008 до 2012 година.
Меси оваа сезона одигра 18 натпревари за Интер Мајами, постигнувајќи 17 голови и 10 асистенции. 37-годишниот Аргентинец е 8-кратен освојувач на Златната топка.
Тој беше прогласен за најдобар фудбалер на годината во Аргентина 16 пати и најдобар спортист на годината во земјата 4 пати.