Гвардиола: Мора да си ја завршиме работата бидејќи Ливерпул нема да губи бодови

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека „граѓаните“ треба да бидат трпеливи во однесувањето на повеќето натпревари од Премиер лигата, бидејќи повеќето тимови главно се бранат. Поранешниот тренер на Барселона ги именуваше единствените тимови кои навистина се обидуваат да го нападнат Сити.

„Можеби ги провоцираме, но повеќето од нив, со исклучок на Ливерпул, Брајтон и јас би рекол Арсенал во одредени моменти, но да размислам, бидејќи веројатно некој ми недостасува. Малку и Астон Вила, има такви моменти. И Лидс, другите се позади. Не велам дека ова е лошо, секој тим има право да игра како што му одговара. Во наши раце е да ги скршиме нивните одбрани. Еден од принципите е да се биде трпелив, да не се дозволуваат голови, да не не наттрчуваат и да играат на контранападат“, изјави Каталонецот.

Гвардиола е дециден дека Манчестер Сити не смее да греши во обидот да ја одбрани титулата и верува дека неговите играчи нема да го дозволат тоа. „Граѓаните“ имаат 6 бода предност, но Ливерпул кој е на второто место има натпревар помалку.

„Ова не е прв пат да се најдеме во ваква ситуација и научивме од она што се случи во минатото и дека ако сакаш да бидеш шампион во Премиер лигата, треба да си ја завршиш својата работа, бидејќи Ливерпул нема да губи бодови“, рече тренерот.

Слични содржини