Гвардиола за снимката на пијаниот Грилиш: „Разочаран сум бидејќи…“

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се пошегува на сметка на ноќната забава на неговите првотимци минатиот викенд, што предизвика бурни реакции деновиве во Англија.

Сити ги демантираше шпекулациите дека Џек Грилш бил исфрлен од барот поради пијанство, а во друштво со овој фудбалер биле и неговите соиграчи Кајл Вокер и Ријад Марез.

На прес-конференцијата пред утрешниот дуел против Брентфорд, Гвардиола малку иронично одговори на новинарско прашање.

„Разочаран сум бидејќи не ме поканија. За тоа ќе бидат казнети. Се надевам дека следниот пат ќе ми се јават. На видеото не се гледа што точно се случило. Можете да видите на заедничка вечера, трезвени се, а персоналот е зад нив“, рече Пеп во негов стил.

На прашањето каква е неговата иднина на „Етихад“, Каталонецот рече дека има договор за уште една и пол година, што е прилично долг период за конечна проценка.

„Овде сум шест години бидејќи зад мене има трофеи. Дојдов затоа што ме убедија. Се зависи од резултатите, ништо друго“, изјави Гвардиола.

Слични содржини