Хакери во 2017 година украле повеќе од милијарда рубљи (17 милиони долари) од руски банки користејќи ја програмата Кобалт Страјк

од Vladimir Zorba
183 прегледи

  Бизнис светoт денеска

Москва – Руската служба за фитосанитарен надзор „Росељхознадзор“ од денеска забрани увоз на српски круши. Забраната подразбира и увоз преку трети земји, се наведува на сајтот на „Росељхознадзор“. Службата тврди дека на српската Национална организација за карантин и заштита на растенија повеќе пати и било пријавувано дека има загриженост поради проблеми со квалитетот на ова овошје од Србија. Русија претходно имаше проблем и со јаболките од Србија. Во Орловската област во централна Русија, беа пронајдени 13 тони јаболка од Србија заразени со опасен штетник, соопшти фитосанитарната инспекција на Русија.

Загреб – Хрватскиот телеком (ХТ) поради деловно условени причини до крајок на март планира да отпушти околу 60 вработени, со просечна отпремнина од 230.000 куни бруто (речиси 31.000 евра) и други стимулативни услови, соопшти компанијата. Намалкувањето на бројот на вработени ХТ го образложува со обезбедување услови за развој и прилагодување на работењето на пазарните и технолошките трендови. – Во рамките на овие промени е и намалувањето на бројот на вработени од деловно условени причини. Во рамките на тој процес утврден е вишок од околу 60 вработени на кои компанијата, од деловно условени причини, до 31 март 2018 година планира да им ги откаже договорите за работа, стои во соопштението на ХТ.

Букурешт – Романија во периодот јануари-октомври 2017 година извезла железо и челик во вредност од 1,87 милијарди евра. Тоа е за 31,5 отсто повеќе од истиот период една година претходно, покажуваат подаци на Националниот институт за статистика (ИНС). Во исто време увозот на железо и челик во тие десет месеци изнесувал 2,54 милијарди евра, што е за 24,8 отсто повеќе од претходната година, така што е забележан дефицит од 678 милиони евра.

Рејкјавик – Исланд се соочува со експоненцијален раст на потрошувачка на енергија која се користи за „рударење“ биткоини. Потрошувачката толку многу пораснала што е близу да го достигне количеството на енергија која се троши за загревање на домаќинствата. Исланд има околу 340.000 жители, а во последните години расте бројот на комјутерски и центри за податоци, кои се користат за „рударење“на биткоини и други криптовалути.

Москва – Хакери во 2017 година украле повеќе од милијарда рубљи (17 милиони долари) од руски банки користејќи ја програмата Кобалт Страјк за неовластен пристап до компјутери на банки, соопшти Централната банка на Русија. – Минатата година евидентиран е 21 напад во кој хакерите користеле Кобалт Страјк, изјави вицегувернерот на централната банка Дмитриј Скобелкин.

Њујорк – Американскиот производител на безалкохолни пијалоци и грицки „Пепсико“ претрпе загуба во четвртиот квартал од минатата година поради измените на даночниот систем во САД. Меѓутоа, тие ги надминаа повеќето очекувања кога ќе се одземат вонредните трошоци. Во периодот октомври-декември 2017 година, „Пепсико“ вкнижи загуба од 710 милиони долари или 50 центи по акција. Во истиот квартал една година претходно, „Пепсико“ заработи 1,4 милијарди долари или 97 центи по акција.

Вашингтон – Галопирачкиот долг на САД веројатно ќе се зголеми за дополнителни 10.000 милијарди долари во наредната деценија. До 2028 година тој ќе се зголеми на речиси 30.000 милијарди долари, според проценки во најновиот предлог буџет на САД. Според проекциите на Канцеларијата за буџет во Белата куќа, јавниот долг на САД ќе достигне 29.900 милијарди долари до 2028 година, а буџетскиот дефицит ќе чини 101 отсто од бруто домашниот производ на САД./МИА

Слични содржини