Ханси Флик прв кандидат за тренер на Барселона

од Stefanija Kuzmanovska

Ханси Флик ја напушти клупата на Баерн, познато е дека новиот шеф на „баварците“ е Јулијан Нагелсман. Се веруваше дека Флик ќе ја продолжи кариерата на клупата на германската репрезентација, бидејќи Јоаким Лев ќе ги спакува своите работи по Европското првенство, но …

Може да има ненадеен пресврт во целата приказна. Неколку извори од Западна Европа денеска пуштија информации дека Ханси Флик станал кандидат број еден за нов тренер на Барселона!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, објави дека клубот започнува нов проект, нов почеток.

„Ова е крај на циклусот, почнуваме од почеток“, рече Лапорта.

По дефинитивниот неуспех во борбата за титулата стана јасно дека епизодата на Роналд Куман на клупата на Барселона е завршена и дека клубот ќе бара нов главен тренер.

И во целата таа приказна, патеките на Ханси Флик и Лапорта некако се пресекоа. Шпанците пишуваат дека првичниот разговор меѓу двете страни е веќе извршен. Флик не потпиша договор со Фудбалскиот сојуз на Германија, тој е слободен „стрелец“ и може да избере каде ќе ја продолжи кариерата, нема никаква обврска кон „панцирите“.

Првичниот разговор наводно поминал многу добро и Флик бил заинтересиран за понудата на Барселона. Патот до реализација е сè уште далеку, Германската фудбалска федерација нема да се предаде така лесно во оваа борба, но ако ништо друго, јасно е во која насока се движи каталонскиот гигант во потрага по нов тренер: потребен е некој со искуство во освојување трофеи на највисоко ниво, помина времето на давање шанса на експерти без ништо импресивно во резимето.

Слични содржини