Ханси Флик со важен потег кој ги навестува неговите амбиции

од Vladimir Zorba

Поранешниот селектор на Германија и тренер на Баерн (Минхен) Ханси Флик, кој моментално е без тим, има нов агент, објави германската телевизија „Скај“.

Флик избра да работи со популарниот менаџер Пини Захави. 58-годишниот фудбалски стручњак сака да ги искористи контактите и искуството на Захави пред да ја избере својата нова дестинација. Сето ова покажува дека Флик е подготвен да преземе нов тим.

Ханси Флик е на продолжената листа на опции за нов тренер на Барселона следната сезона.

Тој беше отпуштен од репрезентацијата на Германија во септември минатата година.

Слични содржини