Хантер Бајден бара отфрлање на обвиненијата за затајување данок, тврди дека се политички мотивирани

Ејб Ловел, главниот бранител на Хантер Бајден, истакна дека ова не е обичен случај, и тврди дека постојат неправилности во начинот на кој бил покренат и истражен, агрументи што федералните обвинители ги отфрлија.

од Бети Божиноска

Адвокатите на Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо Бајден, побараа вчера да се отфрлат обвиненијата против него за федерално затајување данок како дел од политички мотивираното гонење, пренесува „Си-би-ес њуз“.

Ејб Ловел, главниот бранител на Хантер Бајден, истакна дека ова не е обичен случај, и тврди дека постојат неправилности во начинот на кој бил покренат и истражен, агрументи што федералните обвинители ги отфрлија.

Во правните поднесоци поднесени во последниве неколку недели, од канцеларијата на специјалниот обвинител Дејвид Вајс истакнаа дека политиката нема никакво влијание врз случајот и ги отфрлја тврдењата дека обвиненијата се покренати за да се смират републиканците, нарекувајќи го тврдењето „поттикнување заговор“.

Окружниот судија Марк Скарчи подоцна укажа на недостиг од докази за поддршка на тврдењето дека политиката има какво било влијание врз обвиненијата.

Хантер Бајден не се појави на судскиот претрес во средата, но се изјасни за невин по девет федерални даночни обвиненија во Централниот округ на Калифорнија во јануари, откако федералните обвинители го обвинија за вмешаност во „четиригодишна шема“ за да избегне плаќање најмалку 1,4 милиони долари во сојузната даноци и го обвини за непријавување и плаќање данок, односно за даночно затајување.

Спогодбата за признавање вина за две прекршочни даночни обвиненија и спогодбата за пренасочување за обвинението за огнено оружје биле земени предвид во јули 2023 година, кога судијата прашал дали договорот ќе му овозможи на Бајден да избегне потенцијални идни обвиненија. Адвокатите на Бајден тврдат дека спогодбата е сè уште правно обврзувачка и дека даночните обвиненија претставуваат нејзино прекршување.

Федералните обвинители велат дека „предложената спогодба“ не е одобрена од американската Канцеларија за условни и предистражни служби и сè уште не стапила во сила.

Сослушувањето за барањто за отфрлање на обвиненијата доаѓа во време кога конгресните комисии предводени од републиканците ја привршуваат истрагата за импичмент на претседателот Бајден, која делумно се однесуваше на тоа дали претседателот профитирал од деловните потфати на својот син.

Дел од сослушувањето од страна на републиканците беше поврзано и со тоа дали високи функционери во администрацијата на Бајден презеле чекори за попречување на кривичните истраги против Хантер Бајден.

За време на сведочењето зад затворени врати пред конгресмените во февруари, Хантер Бајден ја отфрли истрагата како „неоснована и деструктивна политичка шарада“, тврдејќи дека неговиот татко не бил вклучен во неговите работи.

Џејмс Комер, републиканец од Кентаки и претседател на Комитетот за надзор и одговорност на Претставничкиот дом, посочи дека ќе подготви кривична пријава откако ќе заврши истрагата. Критичарите на истрагата велат дека конгресните комитети предводени од републиканците се уште не изнеле никакви докази за вината на Хантер Бајден.

 

Слични содржини