Веќе знаеме дека појадокот е најважниот оброк во денот, кој ни ја дава целата потребна енергија за да можеме да функционираме. Но, многу е важно да знаеме и кои намирници не треба да се јадат наутро.
На нашето тело веднаш по будењето му се потребни и белковини и масти, но тоа не значи дека се работи за кои било и дека е дозволено да се преполните со масна храна полна со калории.
Еве што СМЕЕТЕ да јадете на празен стомак:
Овесни снегулки
Искомбинирани со растително млеко или сварени во вода, овесните снегулки ќе го снабдат вашето тело со доволно енергија, јаглехидрати и растителни влакна. Не ја пропуштајте овесната каша, таа е одлична за појадок.
Јајца
Содржат белковини и масти, па ви даваат чувство на ситост. Исто така, нивните калории не се празни, туку се искористуваат за енергија.
Боровинки
Измешајте ги во овесната каша. Тие ќе ви ја подобрат концентрацијата и го поттикнуваат памтењето и размената на материи.
Интегрален леб
Содржи јаглехидрати кои ви се потребни наутро, а кои нема да ги добиете од белиот леб.
Јатки
Јатките ги регулираат киселините во желудникот, а бенефитот е поголем ако ги јадете непечени, наместо печени и солени.