Градоначалникот на Будва, Марко Царевиќ и претседателот на Советот на оштина Будва, Крсто Радовиќ, биле уапсени утрово пред зградата на општината.
Уапсен е и секретарот за инвестиции, Младен Микијељ, како и синот и братот на Марко Царевиќ.
Специјалната единица на Црна Гора влегла во Општината и уапсила неколку граѓани, пренесува порталот „IN4S“.
Полицијата употребила хемиски средства, а прозорците на зградата на Општината биле искршени.
Да потсетиме, општински службеници и граѓани се собрале рано утрово во просториите на Општина Будва, откако десетина комбиња полни со полиција пристигнале утрово во Будва.
Тие биле пречекани пред влезот во Општината од страна на Царевиќ и Радовиќ.
https://www.facebook.com/ibajkovic/videos/10218920685782479/?t=1