Хаос во Украина: Демонстранти нападнаа автобус со Украинци, евакуирани од Кина поради коронавирусот (видео)

од Nikola Popovski

Украинците евакуирани од Кина се однесени во санаториум во градот Нови Санжариј, при што беа пречекани од демонстранти кои со камења фрлаа по автобусот.

Околу 19:50 часот, во Нови Санжариј пристигнале автобуси со Украинци евакуирани од Кина. Според украинската новинска агенција УНИАН, жителите на Нови Санжариј се обиделе да ги спречат автобусите да поминат на патот кон санаториумот и дури почнале да ги гаѓаат со камења.

Бил избегнат поголем инцидент, кога полицијата успеа да ги отстрани демонстрантите и да обезбеди премин за автобусите.

Поради судирите со полицијата, неколку демонстранти беа приведени.

Пристигнаа вкупно седум автобуси со кинески Украинци кои носеле инхалатори, а возачите биле во специјални заштитни одела.

Многу земји ги евакуираат своите граѓани од Кина заради епидемија на нов коронавирус кој се шири од таа земја. Новиот вирус однесе повеќе од 2.000 животи низ целиот свет, со десетици илјади заразени.

Слични содржини