Хеликоптерската единица на МВР оспособи за летање хеликоптер на МО

од Stefanija Kuzmanovska

Денеска во хангарот на Хеликоптерската единица на министерството за внатрешни работи беше извршен преглед на хеликоптер на министерството за одбрана со што истиот ќе може да биде вратен во функција за потребите на министерството за одбрана и граѓаните, соопшти МВР.

Одделот за Воздухопловни единици на МВР во минатиот период по извршени значителни обуки на персоналот и инвестиции во опрема стана субјект кој нуди и сервисни услуги и одржување на леталата и за други институции и министерства.

Слични содржини