Патријархот на американската надворешна политика објаснува какви промени ќе се случат во светот со доаѓањето на власт на републиканскиот претседател

Патријархот на американската надворешна политика Хенри Кисинџер признава во интервју за следниот број на списанието. “Атлантик”, дека е не ја очекувал победата на сопартиец си Доналд Трамп на претседателските избори и ја опишува како “внатрешна револуција”.
“Претпоставував дека Хилари ќе победи “, рече поранешниот државен секретар и помошник на претседателот на САД. На прашањето, како, според него, ќе реагираат на резултатите од гласањето во САД Кина и Русија, Кисинџер одговора :
“Целосно сигурен сум дека реакцијата на Кина ќе се сведе на студија на варијантите за понатамошна постапка. Се сомневам дека таква ќе биде и реакцијата на Русија “.
Генерално, според Кисинџер, во светот ќе започне” френетично изучување на новата поставеност на силите во САД. Кисинџер не смета новоизбраниот претседател на САД за “апологет” на Кремљ, иако не верува во “однапред зацртан” пристап на Трамп во политиката кон Русија.
На прашањето дали Москва може да извлече “краткорочни бенефиции” од изборните резултати, 93-годишниот политичар одговара : “поверојатно е претседателот Путин за заземе чекачка позиција и да го следи развојот на ситуацијата”. “Русија и САД си влијаат во области каде што никој од нас не ги контролира сите елементи – такви како што се Украина и Сирија”, вели Кисинџер, цитиран од ТАСС .
“Можно е некои учесници во овие конфликти да се почувствуваат послободни да прават одредени чекори. Значи Путин ќе почека и ќе види се какви варијанти има на располагање “. “Би рекол општо така: голем дел од светската надворешна политика во последните 6-9 месеци беше во чекање на резултатите од нашите избори. Сега сите гледаат како кај нас се случи внатрешна револуција. Некое време ќе ја испитуваат, но во еден момент повторно ќе треба да донесуваат одлуки. ”
Единствените исклучоци, според Кисинџер, можат да се невладини групи кај кои може да има поттик за провоцирање на американска реакција која треба да ги ” поткопаат нашите глобални позиции “. Неправителственте групи може да одлучат дека Трамп ќе реагира на терористички напад, така што ќе ги услужи нивните цели “, појасни познатиот аналитичар.
Кисинџер отстапува од одговор и на тема” компетентноста и сериозноста “на Трамп. “Доволно се дискутираше ова прашање. Тоа е избраниот претседател. Треба да му дадеме можност да изгради филозофија. ”
Во однос на тоа како резултатите од изборите ќе влијаат на светската улога на Америка, Кисинџер смета дека досега меѓу перцепцијата на надворешната политика на САД од луѓето и од елитата имало” очигледно несовпаѓање “, што веќе може да биде надминато. Запрашан дали лично би му помагал на Трамп, Кисинџер одговара: “Нема да се предлагам, но така сум постапил и со останатите претседатели откако се повлеков од државна служба. Ако ме викнат, ќе си кажам “.
Што се однесува до тоа што би можел да го советува Трамп, така да да изгледа добро, гледано од странство, Кисинџер наведува дека” пред сè, тој мора да покаже дека е свесен за предизвиците. На второ место – де покаже дека мисли на специфичноста на нивниот развој. По дефиниција, претседателот е одговорен за дефинирање на правецот. Што се обидуваме да постигнеме, што да спречиме, зошто – на сето тоа треба да се мисли и да се анализира она што се случува “.