Херојот Венус: Жена спасена 103 часа по земјотресот благодарение на лаење на куче

од Stefanija Kuzmanovska
245 прегледи

Кучето Венус и неговиот сопственик се спасени од урнатините на шесткатната зграда во Хатај, благодарение на кучето кое почнало да лае кога ги слушнало спасувачите.

Спасувачките тимови на здравствените работници им предале жена извлечена од урнатините 103 часа по земјотресот во јужна Турција, а исто така помош му била пружена и на кучето.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,8 и 7,7 степени според Рихтеровата скала ги погодија во понеделник јужните делови на Турција со епицентар во Кахраманмарас, а бројни спасувачки тимови се уште напорно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.

Слични содржини