Шпанскиот тенисер Рафаел Надал донираше милион евра за семејствата на жртвите во текот на големите поплави во родната Мајорка, изјави градоначалникот Матеу Пуигрос.

Несречата која ја зафати Мајорка однесе 13 жртви минатиот октомври, а токму Надал излезе на самото место и помогна во санирањето на штетите.
„Во името на сите граѓани сакам да му се заблагодарам на Надал за се што направи на самото место“, рече Пуигрос.
Надал, кој е роден Манакор, за сите погодени во поплавите ги отвори просториите од својата тениска академија.