Научниците со години работат на тоа човечката хибернација да ја претворат во стварност, а со цел пациентот да има повеќе време за лековите против рак да делуваат.

Професорот по интензивна нега и медицина на Универзитетската болница во Лондон, Марвин Сингер вели дека неговиот тим работи на лек кој може да делува така што виталните човечки органи како срцето, мозокот и артериите ќе ги префрлат во хибернациска состојба, или „заспани“. Овој метод може да сочува илјадници животи на пациенти кои доживуваат срцеви или мозочни удари.
Професорот Сингер верува дека хибернацијата може да ги сочува клетките од смртоносни трауми кои се случуваат при постапката на реанимација во итни случаи.
Траумата која се вика реперфузиска повреда, настанува кога крвта ќе се собере во ткивото и ќе ги затвори артериите кои одат кон срцето или ја сопира неговата работа или доведува до мозочен удар.
Логично е лекарите да работат на тоа пациентот што поскоро да го вратат во живот, односно да ја вратат циркулацијата со вградување стент или со отворање на артериите.
Но, шокот до кој доаѓа при забрзаниот проток на крв и кислород предизвикуваат воспалителна реакција која ги уништува виталните артерии, срцето и мозочното ткиво, и може повторно да предизвика смрт.
Прв тест на луѓе е закажан за следната година. Доколку се покаже дека овој лек може да го заштити пациентот од реперфузиска повреда, тоа би било прво успешно лечење со хибернација по 20 години експерименти.
Научниците со години ги анализираат животните во состојба на хибернација и нивната способност да го успорат пулсот, да ја снижат температурата на телото до граница близу смрт, а да не го оштетат мозокот и другите витални органи.
Се верува дека исто дејство може да предизвика и лекот кој на ист начин ќе ги заштити луѓето и ќе ги излечи од дијабетес, Алцхајмер и рак.
Италијанските научници ја истражуваат можноста за воведување на пациентот кој боледува од рак во состојба на хибернација за да им го изладат телото на температура од 13 степени Целзиусови и да се обидат да го спречат ширењето на ракот и да убијат повеќе келии на тумор со радијација.
Тестовите уште не почнале да се вршат на луѓе.