ХИВ повеќе не е смртна казна: Заразените добиваат спасоносен третман

од desk4

Изминуваат 40 години по откривањето на ХИВ вирусот кога за првпат беше регистриран во мај 1983 година. Од тогаш светот измина долг пат во борбата против смртоносниот вирус кој некогаш беше обвиен со страв и срам, но сега се третира како хронична болест која може да се контролира.

Научните истражувања покажуваат дека првите индикации за новата болест се појавија две години порано кога американските епидемиолози објавија пет случаи на ретка форма на пневмонија кај геј мажите во Калифорнија.

Ова беше прво предупредување за синдром на стекната имунодефициенција (СИДА), тогаш сè уште непознат и без официјално име. Лекарите потоа идентификуваат „опортунистички инфекции“, болести кои се јавуваат кај луѓе со постоечки хронични болести или кај оние со ослабен имунолошки систем, кај интравенозни корисници на дрога и кај хемофиличари. Терминот СИДА за прв пат се појави во 1982 година. Болеста е погрешно претставена како „хомосексуално нарушување“.

 Пред околу 20 години, во јули 2012 година, американските регулатори ја одобрија првата дневна таблета за помош во спречување на инфекција со ХИВ, а  Заедничката програма на Обединетите нации за ХИВ/СИДА (УНАИДС) се надева дека ќе стави крај на СИДА-та како закана за јавното здравје до 2030 година.

Првите случаи на ретката форма на пневмонија кај геј мажите во Калифорнија, беа и првиот знак на предупредување за синдром на стекната имунодефициенција (СИДА), тогаш сè уште непознат и без официјално име. Лекарите потоа идентификуваат „опортунистички инфекции“, болести кои се јавуваат кај луѓе со постоечки хронични болести или кај оние со ослабен имунолошки систем, кај интравенозни корисници на дрога и кај хемофиличари. Терминот СИДА за прв пат се појави во 1982 година. Болеста е погрешно претставена како „хомосексуално нарушување“.

Во јануари 1983 година, француските истражувачи Франсоа Баре-Синуси, Жан-Клод Шерман и  Лук Монтание,  идентификуваа вирус кој, како што тогаш рекоа, „може да биде одговорен“ за СИДА-та.

Следната година, американскиот експерт Роберт Гало тврдеше дека ја открил „веројатната“ причина за СИДА-та, ретровирусот HTLV-III. Се покажа дека двата вируса се исти, а во мај 1986 година стана официјално познат како вирус на хумана имунодефициенција или ХИВ.

Соединетите држави и Франција се согласија дека Гало и Монтание заслужуваат признание за откривањето на ХИВ.Но, Нобеловата награда во 2008 година беше доделена само на францускиот тим.

Во јули 1985 година, американскиот актер Рок Хадсон објави дека боледува од СИДА, а три месеци подоцна почина. Тоа е прва смрт на славна личност предизвикана од СИДА. Многу други ѕвезди оттогаш и подлегнаа на болеста, меѓу кои легендарниот пијанист Либераче (февруари 1987 година), пејачот на Квин, Фреди Меркјури (ноември 1991 година) и рускиот танчер и кореограф Рудолф Нуреев (јануари 1993 година).

Слични содржини