Кон крајот на изминатата ноќ од кабинетот на српскиот претседател објавија порака за средбата меѓу Александар Вучиќ и заменик-министерот – Помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија Хојт Брајан Ји.

Разговорот се одржа во 12.00 часот и пораката дојде 8 часа подоцна. Сепак, во нив беше објавено само позицијата на американската страна за време на разговорот. “Претседателот Вучиќ многу внимателно го ислуша американскиот претставник и по еден многу директен начин одговори на неговите забелешки. Содржината на одговорот на претседателот Вучиќ ќе биде објавена во наредните денови”, пишува во пораката.
Во неа, сепак се вели дека “Хојт Брајан Ју изразил загриженост во врска со чувството дека Србија со
едната нога оди кон ЕУ, а со другиот кон Русија”. Дипломатот, исто така, изразил загриженост поради
руското влијание во регионот. Според пораката “Хојт Брајан Ји ги пофалил економските реформи и
фискалната политика на владите на Вучиќ и актуелниот премиер Ана Брнабич и изразил оптимизам
за идниот напредок на регионот во блиско време”. Тој го пофали напредокот во спроведувањето на
стратешката цел на Србија – членството во ЕУ. Тој ја истакнал и важноста на слободата на говорот и
медиумите, како и за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина и продолжувањето на
дијалогот меѓу овие две земји.
“Двајцата разговарале и за важноста на правото на слободно изразување и одговорноста кај стварното информирање, што треба да се базира на факти. Хојт Брајан Ји го нагласил значењето на постоењето на опозиција во демократските општества”, се вели во соопштението што беше објавено од кабинетот на претседателот Вучиќ. На средбата присуствуваше американскиот амбасадор во Белград, Кајл Скот.
Локално.мк потсетува дека ден пред средбата Хојт Брајан Ји ги повика властите во Белград да заземаат јасна позиција, бидејќи не е можно да седат на две столици истовремено. За време на економскиот форум во Белград американскиот дипломат изјави дека “земјите кои сакаат да се приклучат на ЕУ, треба многу јасно да ја покажат оваа своја волја”. “Нема како да седите на две столици истовремено”, порача Ји и додаде: “Државите треба да одлучат на која страна се, независно од фактот колку е тешко тоа. Земјата треба да направи својот стратешки избор. Тоа треба да биде дел од официјалната политика. Така, како што тоа го направи Хрватска и стапи во членството во
ЕУ како цел №1 или пак Црна Гора во однос на НАТО. Многу е важно делата да бидат посилни од зборовите и да се имаат многу јасни пораки “.
Дипломатот потсети дека Вучиќ како премиер и претседател јасно кажал каква е целта на Србија, но во исто време сака добри односи со Русија. “Не е многу јасно како ќе направи таков баланс”, рече уште Хојт Брајан Ји и појасни дека “за САД е многу важно земјите од Западен Балкан да бидат стабилни”. “Додека има нерешени спорови, постои ризик од конфликт”, предупреди Хојт Брајан Ји.
Според него, “рускиот поим се разликува од европската визија за Балканот”. “Од активностите на Русија, станува јасно дека таа сака да има поделени Балкан, а не силен и обединет “, рече тој. Хојт Брајан Ји се изнервирал и реагирал и на притисоците на Москва против Србија преку барањето нејзиниот персонал во Меѓународниот хуманитарен центар во Ниш да добие дипломатски статус.
“Во меѓународната практика не постои такво нешто, се прашувате ли зошто тоа им е потребно на Русите, и од кого имате повеќе довивка од ебропските земли или Русија?“, запрашал Ји

Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, беше првиот што одговори на изјавата на Хојт Брајан Ји.
Според него, “тоа е најтешкиот и најдемократски притисок врз нивната земја и правото да одлучуваат самостојно”.
“Не знам каква ќе биде реакцијата и одговорот на претседателот Вучиќ, но сигурен сум дека тој ќе успее да се справи со притисокот, како што тоа го направил секогаш досега”, напиша Вулин во специјално соопштение.
“Во лично својство можам да кажам дека оваа изјава не е од пријател и човек кој ги почитува Србија, кој ја почитува нашата политика, кој го почитува нашето право сами да одлучуваме … Србија ќе ги
донесува своите одлуки самостојно, независно од тоа колку се големи оние кои мислат дека можат да
донесуваат одлуки за нас “, вели Вулин.
Хојт Брајан Ји се изнервира и од фактот дека во Српската воена академија учат лица кои биле осудени од Меѓународниот Трибунал во Хаг и се со казна за извршени воени злосторства.
“Ова не е добар знак од владата”, рече тој.
Потсетуваме и дека минатата недела стана јасно дека властите во Белград го назначиле генерал
Владимир Лазаревиќ за предавач на Воената академија. Во 2009 година, тој беше прогласен за виновен и осуден од Хашкиот трибунал за воени злосторства извршени за време на војната на Косово против цивилното население.
Премиерот Ана Брнабич јавно го бранеше неговото назначување во Академијата.