Холандија ја доби првата велосипедска патека во светот направена од рециклиран пластичен отпад

од desk2
141 прегледи

Првата велосипедска патека во светот направена од рециклиран пластичен отпад од океаните беше пуштена во употреба во Холандија како дел од пилот-програма за слични патишта во целата земја. Патеката е долга 30 метри, а е направена од пластичен отпад еднаков на околу 220.000 пластични чаши и се очекува дека ќе биде трипати потрајна од асфалтните.

Патеката содржи и сензори со кои се следат перформансите, вклучувајчи ја и температурата, бројот на велосипеди кои поминуваат по неа и способноста да го издржи сообраќајот. Деловите од патеката беа направени претходно и потоа составени, а лесни се за транспорт и 70% полесни за поставување. Во нив лесно се сместуваат кабли и канализациски цевки, а дизајнирани се да ја процедуваат дождовната вода.

Патеката е резултат на заедничките напори на холандските инженери од KWS, конгломератот за нафта и гас Total и производителите на цевки Wavin. Патеката беше пуштена во употреба во текот на септември во градот Зволе. Втора патека ќе биде поставена во Гитоорн, а и Ротердам веројатно ќе ја прифати оваа технологија. Се верува дека многу од бенефитите на патеката ќе може да се применат и кај пластичните патишта.

Производството на асфалт е одговорно за 1,5 милиони тони јаглерод диоксид во атмосферата годишно, што е еднакво на 2% од емисијата која ја прави глобалниот транспорт. Претходно годинава Европската унија лансираше итен план да се исчисти Европа од пластиката и да се осигура дека секое парче пластика на континентот ќе биде реупотребливо или рециклирано до 2030 година.