ХОЛИВУД во МВР:Чавков на „Фејсбук“ објави „холивудизиран“ пропаганден видеозапис од вежба на „Тигрите“

од Vladimir Zorba
95 прегледи
 

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, на својот  фејсбук-профилобјави 15-минутен видеозапис во холивудски стил, од вежба на Единицата за специјални задачи „Тигри“.

mitko-chavkov-vezba-tigri-video-267x200

Атмосферата од вежбата, во која се користат снајперски пушки, ракетни фрлачи (РПГ) и „хермелини“, е засилена со драматична музика во заднината, а активностите на терен, според кадрите, се снимени со повеќе камери.

Централна фигура во видеоснимката е директорот на БЈБ, од почетните кадри кога пристигнува на полигонот, до последните пет минути во кои има обраќање до припадниците на специјалната единица.

Во описот на содржината стои дека станува збор за тактичко показна вежба за неутрализирање на терористичка група на територијата на Македонија, како дел од програмата за реализирање обуки за припадниците од специјалните единици на Министерството за внатрешни работи. Сепак, видеозаписот остава впечаток дека станува збор за воено-пропаганден материјал.

Извор: Мета