Холивудската актерка исфрлена од авион

од desk2
110 прегледи

Американската актерка Тара Рид, заедно со своето куче била исфрлена од авион на компанијата “Delta Airlines” откако направила инцидент пред полетувањето.

Ѕвездата на филмот “Американска Пита”, Тара Рид, требало да патува од Лос Анџелес до Њујорк, но поради нејзините барања и непријатни сцени била исфрлена од летот.

Како што пишуваат странските портали, Тара се качила во авион и седнала на своето место кога сфатила дека нејзиното седиште не било до прозорец, иако наводно тоа било означено на картите.

https://www.instagram.com/p/BpBqw8UHsix/?utm_source=ig_embed

Потоа, таа се жалела на комфорноста, бидејќи немала перница да и ги олесни болките во мускулите, а главниот виновник, како што се наведува, бил патник кој го спуштил седиштето пред неа и легнал.

Со оглед на тоа дека упорно се жалела и кревала врева, членовите на екипажот не успеале да го решат овој проблем со актерката, поради што Рид била замолена заедно со своето куче да излезе од авионот.

42-годишната актерка била исфрлена од летот за Њујорк во понеделникот поради “вознемирување на патниците”, гласело официјалното соопштение на компанијата.

По пишувањето на медиумите, актерката се огласила преку социјалните мрежи тврдејќи дека овој инцидент не се ни случил. Како што напишала, без никаков притисок, своеволно го напуштила авионот. Навела дека стрјуардот и направил проблем бидејќи со себе го понела миленичето.

Тара вели дека кучето го повела како емоционална поддршка во текот на летот, а членовите на екипажот инсистирале да го смести во багажот, што таа никако не сакала да прифати.

Сепак, таблоидот TMZ ги демантирал нејзините зборови, објавувајќи видео на кое се гледа дека Тара видно нервозна излегла од авионот.