Хорор во скопско: Се обидел по вторпат да ја силува ќерката на колега од работа

од Nikola Popovski

МВР информира за обид за повторно силување на малолетничка од скопско, од страна на колега од работа на нејзиниот татко. Според полицијата, силувањето се случило во месец јули минатата година, но силувачот пред еден месец повторно се обидел да изврши обљуба врз малолетното девојче.

Според МВР, вчера во 10:45 часот во Полициското одделение Петровец, 36-годишна жена од скопско село пријавила дека во текот на јули 2020 А.А., колега на нејзиниот сопруг, извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка.

Како што е пријавено, пред еден месец тој повторно се обидел да изврши обљуба врз малолетничката, но родителите за овие настани дознале отпосле.

Надлежните органи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини