Хороскоп и пари: Овие знаци заработуваат најмногу – докажано

Иако Јарците не заработуваат колку би сакале, Рибите и Стрелците се исклучително задоволни со работата која ја работат. Тоа не важи за Близнаците и Раковите кои велат дека не ја работат работата од соништата. Најмногу заработуваат Скорпиите, Лавовите, Биковите и Раковите, покажува анкетата на американскиот портал за врботување Careerbuilder, спроведена на повеќе од 8.700 работници ширум светот.

Овен

Тие се отворени, самоуверени и поприлично импулсивни, а тоа значи дека сакаат да преземаат иницијатива. Познато е дека Овните не сакаат мирување, па најдобро им одговараат сектри како политика, градба или образование.

Бик

На нив секогаш можете да се потпрете, искрени се и практични. Добро им лежи тимската работа и страствено пристапуваат кон работата. Можат да се пронајдат во финансии, уредување ентериер, медицински работи, инжењеринг, адвокат, маркетинг или ПР.

Близнаци

Припадниците на овој хороскопски знак бараат професија која ќе ги држи мотивирани. Ним ниту два дена не треба да им се исти, па токму монотонијата може да биде причина за незадоволство. Според истражувањето, повеќето Близнаци изјавиле дека работат во секторот уметност, дизајн, архитектура, продажба и медицина.

Рак

Тие се нежни, со имагинација и заштитнички настроено. Саакат да ги штитат оние до кои најмногу се грижат. Сакаат да готват и одржуваат силни односи со луѓето, професионално или приватно. Работливи се, а добро се сноѓаат во подрачјето на законот, психологијата, едукација или медицина. Оние кои учествувале во истражувањето, воглавном работат во политика, огласување, високо образование, превоз или војска.

Лав

Никој нема потреба за моќ и титула на лидер како Лавот. Верни се, оптимистични, харизматични и забавни. Лесно освојуваат со својот шарм. Политика, уметност, дизајн, архитектура, инжењеринг, забава и образование одлично им лежат.

Девица

Методичните и грижливи Девици се познати како одлични рбаотници. Имаат око за детали и ќе ја проверат баш секоја ситница, а сами себе ќе си бидат најдобар шеф. Сакаат работи кои бараат точност, истражување и перфекционизам. За нив совршена работа е филмска монтажа, пишување, продажба или подготвка на храна.

Вага

Тие се многу друштвени, па им е потребна интеракција со луѓе за успешна кариера. Затоа им одговара позиција на која нема да работат сами, туку со партнер. Кооперативни се и успешни во остварување на компромиси бидејќи повеќе од се ја почитуваат правдата. Повеќето Ваги затоа се пронашле во работите поврзани за политика, социјална работа или спроведување на законот.

Скорпија

Аналитични, интуитивни и досетливите Скорпии ги привлекува се што е мистериозно или абномално. Добро се снаоѓаат во политиката, но и детективските води. Одлични се истражувачи, но оние кои учествувале во анкетата се занимаваат со работа во правна служба, инжењерство, наука и образование.

Стрелец

Сакаат духовност и етичност, а се одликуваат со позитива. Љубители се на патувања и ќе се задоволат со работа која им дава доволно слобода за да ја раскажуваат својата вистина. Филмската монтажа, пишување, маркетинг и односи со јавнсота се идеални занимања за слободоумните стрелци.

Јарец

Јарците живеат на Земјата, буквално и фигуративно, па никогаш не ја губат ладната глава. Истрајни се и многу одговорни. Подеднакво добри шефови и работници. Најмногу Јарци работат во подрачјето на уметност, дизајн, архитектура и подготовка на храна.

Водолија

Познати се како неконвенционални луѓе пред своето време, често се изумители. Независни се, но и длабоко поврзани со луѓето. Имаат природна дарба за разбирање на новата технологија, а тоа се одразува на нивните умови. Нивното подрачје е астрономија, фотографија, воздухопловство и компјутерство. Учесниците во анкетата се занимавале со продажба, работа во војска, инжењерство, подготовка на храна и превоз. Водолиите спаѓаат во променливите знаци, па често ја менуваат работата.

Риби

Рибите се најчувствителниот знак во зодијакот, па често сакаат да се претставуваат како маченици. Многу се емпатични и често ги ставаат утѓите потреби пред своите. Затоа им одговараат работи од подрачјата на здравството и социјалната работа.

Слични содржини