Во средата е важно да ги следиме настаните и да бидеме умерени во активностите. Еве за што да внимаваат претставниците на Овен и Риби.
Овен
Брзо се”префрлате” од една тема на друга, но ви е тешко да си изработите соодветна тактика или концепт. Потребата да се занимавате со неколку работи истовремено ви предизвикува благ стрес. Не е важно да завршите сè, важно е да не дозволите фатални грешки.
Риби
Намалете го темпото. Не се обидувајте да направите било што “по секоја цена”. Непотребно е да се “фиксирате” на одредена цел, ако резултатот зависи од нечие решение.