Хороскопски знак кој дава најдобри совети

од Stefanija Kuzmanovska

На сите ни се случило во одреден момент да побараме совет од други или да го добиеме без воопшто да го побараме.

Некогаш ни се допаѓа и ни помага во одредени ситуации, а некогаш не му се радуваме баш, но често знае да удри во центарот. Овие совети ги даваме врз основа на нашите искуства, а дали знаете кој хороскопски знак го дава најдобриот совет?

Водните знаци често се поврзуваат преку ситуацијата во овие совети, огнените знаци ги „разгоруваат“ и ги преувеличуваат своите искуства, земјените знаци ги земаат предвид причината, последицата и напорот, додека воздушните знаци играат адвокат на ѓаволот.

Сепак, според „NY Post“, најдобриот знак, односно хороскопскиот знак од кој ќе ги добиете најдобрите совети е Стрелец.

Секогаш оптимисти, Стрелците секогаш се повикуваат на нашите најдобри страни, се трудат да бидат наши ангели чувари и да ги бранат нашите верувања. Тие се трудат и инвестираат во вашиот напредок и реално одмеруваат која страна е „во право“ доколку се појават дилеми.

Тие се вистински асови во мудроста и можат да создадат решение кога секому сè изгледа невозможно. Советите што ги добивате од нив се раѓаат од личен неуспех, доживеани искуства без разлика дали биле пријатни или не. Стрелецот спаѓа во оние знаци кои најверојатно тешко ќе стекнат знаење и мудрост, но ќе знаат да го пренесат на другите.

Планетата која го краси овој знак е Јупитер, планетата на среќата и енергијата. Затоа има способност да не турка напред и во деловниот и во приватниот сегмент. Има оптимизам кој лесно може да ја зарази неговата околина, а исто така е и сочувствителен, па не треба да го одбивате советот на Стрелец.

Слични содржини