Хороскопски знаци кои го кријат вистинското „јас“ во врската

од Elena Daskalova

Во секоја врска е сосема нормално некои делови од својот карактер и минато да ги скриете од новиот партнер, но не и да измислувате дека сте нешто што всушност не сте.

Верувајте дека е многу полесно уште од почеток да сте отворени и реални во врска со тоа кои сте и што сте, наместо да давате лажна слика за себе.

Но, неколку хороскопски знаци никако не го сфаќаат тоа:

Девица

Колку што се добри пријатели, толку Девиците се и „измамници“. Ако сте во врска со Девица, можеби мислите дека знаете што ѝ се врти низ глава, но вистината е дека никогаш нема да ја имате таа способност. Тие можат да ве уверат во што и да е, само доколку нив така им одговара.

Рак

Ако сте во врска со Лав, веќе ви е јасно дека ретко зборува за она што навистина го мисли. Тие имаат проблеми со трпението, даваат сè од себе за да немаат емотивен слом, па може да ви се чини дека се доста ограничени. Тие всушност, само сакаат да се заштитат себе од околината.

Водолија

Водолиите сметаат дека не вреди на никого да се доверуваат и поради тоа постојано носат пријателска фасада и глумат дека се површни личности. Мора да помине многу време, но и да работите на вашиот однос, за да можат да имаат доверба и да се впуштат во каков и да е однос со вас.

Вага

Во најголема заблуда живее оној човек кој тврди дека вистински ги познава Вагите. Тие се способни да прикажат целосно иссценирана страна од себе, токму таква каква што сакаат другите да ја видат. Тоа го прават затоа што се плашат дека некому нема да се допаднат такви какви што се.

Слични содржини