Полицијата во Индонезија уапси маж, кој е обвинет дека на билборд во Џакарта пуштил порно филм, пренесе ББС. За ова злосторство 24-годишниот ИТ-специјалист може да добие до 6 години затвор. Во петокот возачи и пешаци беа изненадени кога кадри од јапонски порно филм беа пуштени на електронски билборд во Јужна Џакарта. Видеото траеше околу 5 минути пред властите да го запрат.

Многу сведоци сепак успеаја да ги фатат жешките сцени со своите мобилни телефони и наскоро ги проширија на социјалните мрежи. Мажот е уапсен во својата канцеларија. “Осомничениот призна дека дејствувал сам”, соопштија од полицијата во Џакарта. Продолжува сепак истрагата дали го извршил сам и какви му биле мотивите . Пристапот до порно сајтови во Индонезија, претежно муслиманска земја, е блокиран. Младиот маж може да биде суден за два закони. Според едниот му се заканува казна од 6 години во затвор и парична казна од 77 000 долари, а според Законот против порнографијата до 12 години затвор.