Христос воскресе!

од Vladimir Zorba

Воскресението Христово на полноќ беше објавено во храмовите на Македонската православна црква ширум земјава.

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото Воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

Денот на Христовото воскресение не е само најголемиот туку и најстар христијански празник што се празнува од вториот век. Тој е суштината на христијанството, потврда и на самата вера зашто како што рекол свети Апостол Павле: „Ако Христос не воскреснеше празна ќе беше и нашата вера“.

Редакцијата на Локлано упатува честитки до сите православни христијани, со желба за многу здравје, среќа, љубов, успех, благостојба и спокој во секој дом.

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ ! НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!

Слични содржини