Инструкторката по одбојка, Михаела Баришиќ во германската верзија на квизот „Кој сака да биде милионер“, пред неколку месеци освоила 250.000 евра.
Натпреварувачката Михаела одлучила да не ризикува, па се откажала на 13-то прашање, од можните 15. Така си заминала дома со претходно освоените 250.000 евра. Ако точно одговорела на прашањето вредно 750.000 евра, би одговарала и за најголемиот можен износ – неверојатни 2 милиони евра.
Прашањето на кое се откажала, гласело: „Што е официјално наведено како максимална тежина од 25 грама?“
Продукцијата на квизот како можни одговори ги понудила: германско поштенско писмо, стрела за пикадо, Nürnberger колбас и унца злато. Михаела да не се откажела, како точен одговор би го понудила „стрела за пикадо“, а точниот одговор бил колбасот, па нејзината одлука во последен момент се покажала како мудра.
Михаела веќе долго живее во Германија, а во квизот дошла во придружба на својата мајка, Вера. Оваа мајка на две деца ги оставила сите без зборови, поради своето знаење. Воодушевен бил и водителот Гунтер Јауч (62), кој рекол дека Михаела има добри нерви, како вистински обложувач.
„Мора да се навикнам дека освоив толку пари. Немам некои големи желби. Сега ова можеби ќе ви звучи чудно, но телевизорот кој го имаме дома е стар 12 години, па најверојатно најпрво ќе купам нов телевизор“, рекла Михаела за Слободна Далмација.
„Секако, планираме и едно убаво летовање и одмор во Хрватска. Родителите ми се од Словенија, во пензија се и сега живеат во Пула. Имаме многу роднини во Ѓаково. Настојувам барем еднаш годишно да дојдам во Хрватска. Во Германија Милионер се емитува веќе 20 години и отсекогаш мечтаев и ми беше голема желба еден ден и јас да седнам на тоа жешко столче“, вели новопечената милионерка.
Со партнерот и двете деца живее во Германија, а на квизот се пријавила бидејќи со освоените пари сака да ги испрати родителите на одмор.
„Тие се гастербајдери од Хрватска и го гледаат само автопатот А8 кој води од Салцбург до Хрватска“, рекла Михаела во емисијата.