Хрватска државјанка на возраст од 21 година приведена е во Белгија откако со две години постарото момче во Гент претепале хомосексуална двојка.

Италијанецот Мауро Падовани (47), цртач на стрипови кој со 59-годишниот сопруг Томас Фриман живее во Белгија, на Facebook објави фотографии по бруталното претепување што се случило на 7 август. Вели дека ги нападнале соседите, односно Хрватската Јасмина Р. и нејзиното момче.
„Мојот сопруг има Алцхајмерова болест, и е како дете. Му скрчија два пршлени затоа што не тепаа со метални прачки што ги извадија од автомобилот“, вели падовани за италијанските медиуми.
Вели дека не е прв пат соседите да ги тероризираат.

„Таа жена и порано на мене фрлаше со цигли, но полицијата тогаш не направи ништо“, додав тој.
Инаку, таа и е позната на полицијата по своето насилно однесување. Во 2015 година завршила на суд поради насилство за време на кражба, а тогаш е уапсен и Бугарин.

Момчето сега е задржано во затвор, а таа доби забрана за приближување. Во станот и е дозволено да дојде само по едногодишното дете. Поради насилството 200 граѓани на Гент се сопбраа на протест во знак на поддржка на претепаната двојка.
„Драго ни е затоа што сме гости во овој град и се надевам дека ова ќе биде порака тоа да не се повтори“, вели Падовани.