
Во изминатите 24 часа во Хрватска се потврдени 50 нови случаи на коронавирус врз основа на 763 тестирани примероци, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита.
Така, вкупниот број на активни случаи во таа земја се зголеми на 1.117, се наведува во соопштението.
132 пациенти се во болница, од кои тројца се на респиратор, пренесува Јутарњи.
Од 25 февруари, кога е забележан првиот случај во Хрватска, до денес се заразени вкупно 3.722 лица, од кои 119 починале, а 2.486 се опоравени.
Од почетокот на епидемијата, тестирани се вкупно 93.571 лица.