Хрватска го испрати Оливер Драгојевиќ (видео+фото)

од desk4
180 прегледи

 Фановите на музичката легенда, неговите колеги и сограѓани , државниот врв, го испратија Оливер Драгоевоќ на неговата последна пловидба за Вела Лука.

Откако во црквата Св. Фране била служена миса за починатата музичка легенда, ковчегот со неговото тело, преку Сплитска Рива,беше пренесен до катамаранот, со кој Оливер последен пат беше превезен на својата сакана Вела Лука.

https://www.facebook.com/24sata/videos/2181006018600597/

Покрај ковчегот на Оливер одеа Џибони, Тони Цетински, Дорис Драговиќ,Тончи Хуљиќ,Петар Грашо, Горан Каран, Стјепан Хаусер, Томислав Мрдулаш,Теди Спалато   …

Навивачката група Торцида во Сплит огранизираше собир за збогување со Оливер Драгоевиќ. Кога се приближуваше моментот на поаѓање, 70. факели гореа на брегот (по еден за секоја година живот на омилениот пејач),но исто така и на стотици чамци кои го опкружија катамаранот кој беше придружуван од два воени брода.

На Сплитската рива последен поздрав на Оливер му испратија десетици илјади Сплиќани, кои со силен аплауз го поздравија својот најдраг пејач .

На ковчегот беше фрлано цвеќе, капи и навивачки шалови, а тажната поворка со песна ја придружуваше клапата „Контра“ која на сцената покрај брегот ги изведуваше легендарните песни “Cesaricа”, “Splite moj”, “Moj lipi anđele”, “Još ovaj put”, “Vjeruj u ljubav”, “Moj galebe”…

https://www.facebook.com/tportal.hr/videos/10155766118956868/

 

Погледнете ги видеата од последното испраќање на   легендарниот Оливер Драгојевиќ.

Претходно во организација на Хрватската музичка унија во соработка со Владата на Република Хрватска, со надлежното Министерство за култура и останатите институции во Хрватскиот народен театар се одржа комеморацијата за Оливер Драгојевиќ, во присуство на семејството, пријателите и соработниците, како и на државните и градските претставници.

Пејачот Џибони (49) на комеморацијата во Сплит со солзи во очите се присети на својот пријател Оливер Драгојевиќ. Џибони беше еден од најблиските пријатели и соработници на починатата музичка легенда.

Сопругата Весна, кој седела веднаш до хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, ја тешел еден од тројцата синови на Оливер и Весна.

Кога завршила комеморацијата за Оливер Драгојевиќ, сите стоечки му оддале почест со аплауз од неколку минути. Сите спонтано почнале да ја пеат „Вјеруј у љубав“. Пејачката Зорица Конџа била меѓу оние кои први ја започнале песната…