Хрватска отвора виртуелна библиотека со над 100 илјади наслови

од Vladimir Zorba

Во Хрватска се отвора нова книжарница, која располага со над 100 000 врвни наслови од целиот свет, но за нивно користење не е потребна членска книшка, бидејќи таа е во дигитална верзија и е достапна во целата држава. Хрватска е првата држава во светот која се претвори во слободна зона за читање.

Граѓаните кои сакаат да прочитаат книга од оваа виртуелна книжарница, потребно е да ја инсталира бесплатнта мобилна апликација „Croatia Reads“ („Хрватска чита“), да се регистрираат и да се впуштат во читањето, каде било низ државата.

Овој проект првпат беше претставен во септември кога „Café Velvet“ стана првата слободна читачка зона во Хрватска. Тоа всушност беше првиот пилот проект од кој потоа се разви идејата тоа да прерасне на ниво на целата држава.

Слични содржини