Хрватска воведува данок од 100 евра годишно за сопствениците на кучиња

од desk3
128 прегледи

 Сопствениците на кучиња во Хрватска би можеле од 1 јануари 2017 година да плаќаат државен данок од 100 евра за своите миленичиња.

kucence

Хрватските власти планираат да донесат Закон за заштита на животните, а токму таквата одредба е составен дел на тој предлог, пишува „Слободна Далмација“.

Јавната расправа за предлог-законот е завршена, а Министерството за земјоделство на Хрватска се уште ги составува одговорите на доставените коментари.

Ако државата се одлучи за воведување на таков данок, тој би можел да зафати околу 350.000 луѓе, колку што има регистрирани сопственици на кучиња.

Таквото решение го поддржуваат и здруженијата за заштита на животните./MИА