Хрватски репрезентативец одиграл едно полувреме заразен со коронавирус

од Nikola Popovski

Дефанзивецот на хрватската фудбалска репрезентација Домагој Вида, кој го одигра првото полувреме на натпреварот против Турција, е позитивен на коронавирус, објави Хрватскиот фудбалски сојуз.

Вида бил капитен на пријателскиот натпревар кој заврши 3: 3 во Истанбул, а пред мечот не знаел дека е заразен, бидејќи позитивениот тест пристигнал за време на натпреварот.

Според Федерацијата, медицинската служба на хрватската репрезентација ги добила првичните информации на паузата помеѓу двете полувремиња дека има еден потенцијално позитивен резултат.

Веднаш по полноќ по локално време во Истанбул, медицинската служба ги добила резултатите од тестирањето за вирусот, меѓу кои беше и едно позитивно откритие кај играчите.

Бидејќи во тој момент селекторот Златко Далиќ веќе одлучи да го смени Вида, лекарите од националниот тим го изолираа Вида според сите епидемиолошки мерки се додека не биле потврдени резултатите од тестот.

„Откако сите играчи и членови на стручниот штаб беа негативни за редовниот тест за мечот со Турција во понеделникот, редовниот тест за мечот со Шведска беше извршен во средата наутро. ХНС ги доби официјалните резултати од тестот по полноќ по локално време, и тие покажаа дека репрезентативецот Домагој Вида е позитивен на коронавирус“, објавила Федерацијата.

Според прописите, следните денови Вида ќе ги помине во самоизолација во Истанбул, додека останатите репрезентативци и членовите на стручниот штаб, кои имаа негативен тест, ќе отпатуваат за Стокхолм според планот за мечот со Шведска.

Слични содржини