Наводната партиска книшка на Катица Јанева ја објави “Дневник“ за потоа да се шири веста по другите провладини медиуми и да се убедува јавноста дека таа е партиски член.
СДСМ демантираше дека Јанева некогаш била или пак сега е партиски член и посочи дека ВМРО-ДПМНЕ со ваквите конструкции сака да го одвлече вниманието од криминалот кој го има направено. Книшката која беше фотомонтажа со името на Катица Јанева изгледа сосема нова, а беше посочена дека е од 2004 година, потпишана наводно од Бранко Црвенковски, кога тој беше претседател на државата.