И ова е екологија: Ги исфрлаат малите шампони од хотелите

од desk2
149 прегледи

 

Сопственикот на хотелот Holiday Inn и InterContinental објави дека речиси 843.000 соби во тие хотели се префрлаат на големи пакувања за хигиена и козметика во нивните бањи во обид да ја намалат количината на отпадот.

Борбата да се спаси морето од пластичен отпад може ќе означи и крај на шишенцатаа шампон и други козметички и хигиенски средства кои гостите на хотелот сакаат да ги однесат дома во своите куфери, објави AP.

Првиот чекор го направи хотелскиот ланец Holiday Inn и InterContinental.

Главниот директор на InterContinental Group (IHG) Кит Бар, изјави дека преминувањето на поголеми пакувања за тие производи во нивните повеќе од 5.600 хотели ширум светот е голем чекор во вистинска насока и дека таа промена ќе допринесе да се намали отпадот.

IHG користи во просек 200 милиони минијатурни шишиња за бања годишно. Транзицијата според планот ќе биде завршена во 2021 година.