Руската вселенска агенција Роскосмос ќе ги пресметува договорите со други земји во рубљи, најави директорот на таа агенција Дмитриј Рогозин, пренесе Ројтерс.

Според агенцијата, овој потег уследи откако рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ќе бара плаќање во рубљи од „непријателските“ земји за купување гас.

Наводно, по изјавата на Путин, цената на гасот во Европа почнала да расте.

Во исто време, рубљата силно зајакна на меѓународните валутни пазари.

„Русија ќе продолжи да испорачува природен гас во договорениот обем и по договорените цени […] договорени во склучените договори, но само валутата на плаќање ќе се промени – во руски рубљи“, изјави Путин.

Русија состави список на земји „непријатели“, што се совпаѓа со земјите кои и воведоа санкции поради инвазијата на Украина. Москва, меѓу другото, утврди дека компаниите и граѓаните на тие земји мора да добијат дозвола од владината комисија за бизнис во Русија.

На листата на земји „непријатели“ се САД, членките на ЕУ, Велика Британија, Јапонија, Канада, Норвешка, Сингапур, Јужна Кореја, Швајцарија и Украина.

Слични содржини