Иако негодуваат за Законот за ЈО, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе седат на седницата во Собрание

од Aleksandar Todeski

Пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски реагираше на повлекувањето на предлог-законските решенија за Јавно обвинителство и за Совет на јавни обвинители, кои вечерва беа повлечени поради технички грешки, по што беа доставени нови.

„Не може Оливер Спасовски сам да достави парче хартија кое нема легитимитет и е злоупотреба на неговата позиција, спротивно на Деловникот на Владата и да побара повлекување без владина одлука. Ова ќе биде тест дали во Македонија функционираат институциите, бидејќи ваквото фалсификување на одлуки кои се донесуваат во Собранието во име на Владата се спротивни на Законот“, рече Милошоски.

Од Владата вечерва појаснија дека биле направени ситни технички грешки кои се однесувале токму на корекциите кои биле усогласени на синоќешната седница на Владата, па од тие причини испратениот текст на Предлог-законот за јавното обвинителство беше повлечен, а по направените исправки повторно го достави до Собранието на Република Северна Македонија.

Според Милошоски, навредување на интелегенцијата на пратениците било тоа што владата појаснува дека се работи за мали технички измени.

 

Слични содржини