Ибишевиќ ја заврши играчката и започна тренерска кариера

од Stefanija Kuzmanovska

Легендарниот напаѓач на бројни германски клубови и поранешен репрезентативец на Босна и Херцеговина, Ведад Ибишевиќ ја заврши играчката кариера.

Популарниот Ведо се одлучи на тој чекор на 36 -годишна возраст, и не чекаше долго за нова работа бидејќи ќе работи со напаѓачите на првиот тим и клупската академија во Херта Берлин.

„Откако беше јасно дека ќе ја завршам играчката кариера, имав доста добри разговори со раководството на Херта, односно со Фреди и Пал. Клубот ми срасна за срце за време на мојот престој во Берлин. Се чувствувам како „Хертанер“ и среќен сум и благодарен што ја преземам оваа задача“, рече Ведад Ибишевиќ.

Слични содржини