Иџе ја освои првата трка во Имола

од Vladimir Zorba
88 прегледи
 idhe

Најдобриот македонски автомобилски ас Игор Стефановски Иџе во последната трка од годинашново првенство во ETCC шампионатот во првата трка ги засени сите свои конкуренти и заврши прв.

Македонскиот ас имаше извонреден старт и веднаш се подреди зад Крис Ричард. кому му беа потребни бодови за највисок пласман во сезоната. Во третиот круг успеа на кратко да го мине Ричард, но Швајцарецот брзо возврати. Но, по два круга Иџе искористи една негова нова грешка и се најде на лидерската позиција. до крајот само ја зголемуваше предноста и заслужено триумфираше.

Охрабрен по извонредната прва трка на која го освои првото место, Стефановски се надеваше на сличен успех и на второто натпреварување. За жал, по само неколку круга тој имаше допир со возилата со Труфер, по што излета од патеката и не успеа да ја заврши трката. „Летечкиот Македонец“ има за што да жали, но во секој случај останува гордоста на историската прва победа во ова силно натпреварување.

Тој ја заврши својата дебитантска сезона во ЕТЦЦ со 14 освоени бода, десет од нив за триумфот во Имола