Илјадници јапонски лекари бараат откажување на Олимписките игри

од Vladimir Zorba

Главната медицинска организација во Јапонија ги поддржа повиците за откажување на Олимписките игри во Токио, истакнувајќи дека болниците се веќе преоптоварени, додека земјата се бори против ширењето на коронавирусот на помалку од три месеци пред почетокот на натпреварувањата.

Здружението од Токио, кое претставува околу 6.000 општи лекари, објави дека болниците во главниот град имаат „полни раце работа“ и дека скоро останале без слободни капацитети поради зголемениот број на заболени лица.

„Бараме властите да го убедат Меѓународниот олимписки комитет дека одржувањето на Олимписките игри е тешко и да донесат одлука за откажување на игрите“, се вели во отвореното писмо до премиерот Јошихиде Суга.

Зголемувањето на бројот на заразени предизвика немири и недостиг на медицински персонал и болнички кревети во некои делови на Токио, а владата ја продолжи третата вонредна состојба во главниот град и неколку други префектури до 31 мај.

Слични содржини