Илон Маск во текот на јавната расправија со Трамп, на републиканците им донирал 15 милиони долари

На изборите во 2024 година, Маск потроши повеќе од 290 милиони долари за да помогне за изборот на Трамп и неговите омилени кандидати за Конгресот.

од desk2
14 прегледи Фотографија: Стоп-кадар од видео на Белата куќа

Милијардерот Илон Маск донирал вкупно 15 милиони долари во јуни на политичките организации што ги поддржуваат претседателот на САД, Доналд Трамп, и републиканците во Конгресот, покажуваат новите извештаи за финансирање на кампањите.

Донациите од по 5 милиони долари на групите МАГА Инк., Фондот за раководството на Сенатот и Фондот за раководството на Конгресот се направени на 27 јуни, среде жестоката расправија на Маск со Трамп околу федералното законодавство за трошењето, и само неколку дена пред најбогатиот човек во светот да објави дека ќе формира своја политичка партија.

Извршниот директор на Тесла се појави во извештаите како најголем поединечен донатор на секоја од тие групи.
Извештаите за кампањата поднесени до Сојузната изборна комисија (FEC) покажуваат дека Маск годинава вложил повеќе од 45 милиони свои пари оваа година во „America PAC“, група со која управува тој, додека неуспешно се обидувал да влијае на исходот од изборите за Врховниот суд на Висконсин.

На изборите во 2024 година, Маск потроши повеќе од 290 милиони долари за да помогне за изборот на Трамп и неговите омилени кандидати за Конгресот.

Неколку месеци оваа година тој служеше како главен советник во Белата куќа и како директор на неформалниот Оддел за ефикасност на влдата, пред да се повлече од државна служба за да се фокусира на своите компании.

Тогаш ја најави и можноста да го намали политичкото финансирање.

Меѓутоа, на почетокот на јули, Маск повторно јавно влезе во конфликт со Трамп и републиканците во Конгресот поради внатрешната политика, за која тврдеше дека значително ќе го зголеми државниот дефицит.

Тој, исто така, вети дека ќе ја формира партијата Америка, иако досега има малку конкретни докази дека презел конкретни чекори во таа насока.

Извештајот доставен до FEC во четвртокот ги опфаќа активностите на неговиот America PAC до крајот на јуни.

Парите не можат да купат сè: Дали „Американската партија“ на Маск е осудена на неуспех?