Шива Сафаи има 37 години и е многу влијателна деловна жена во САД. Неа ја следат и половина милион луѓе на Instagram. А интересна е и поради фактот дека им е маќеа на манекенките коишто се сметаат за едни од најубави на светот – Бела и Џиџи Хадид.

Всушност, Шива му е вереница на магнатот за недвижнини Мохамед Хадид.
Тој им е татко на славните манекенки, па така неговата избраничка го стекнала статусот – најубава маќеа. Интересно е дека оваа убавица во текот на врската со Хадид прерасна и во ријалити ѕвезда – учесничка во програмата “Second Wives Club” (Клуб на Вторите жени).

Емисијата го следи животот на шест жени коишто се во слична состојба – живеат со многу богати мажи со “багаж”, односно поранешни жени и деца.
Иако Мохамед има 67 години, два брака зад себе и пет деца, со Шива е верен веќе три години и сосема е веројатно дека палестинскиот бизнисмен со сигурност се движи кон својот трет брак.
Овој невообичаен пар, пред се’ поради големата разлика во годините, сепак не го следат никакви скандали, а пријателите тврдат дека тие едноставно си се пронашле.

Шива е во добри односи и со неговите деца. И таа воопшто не се стега, и сосема отворено ја покажува љубовта и поддршката, којашто е веројатно повеќе пријателска, бидејќи неговите деца се сепак релативно возрасни и имаат приближно години колку што има и таа. Таа е особено блиска со Бела и Џиџи, со коишто вели дека има потполно пријателски однос.

Не се жали ниту поради односите со неговите поранешни партнерки:
– Со неговите некогашни жени сум исто така во супер односи. Нема никаква драма, ние сме сложен тим. Тие се вклчени во животите на своите деца и се одлични мајки, изјавила неодамна Шива за Daily Mail.