Имало и бетер! Грците масовно си ги издаваат домови под наем за да преживуваат

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Голем дел од Грците ги изддаваат домови за изнајмување, за да можат да ги плаќаат даноците и да преживуваат. Меѓу нив има дури и богатите луѓе.

. Растот на туризмот и континуираниот раст на даноците од последните години доведоа до тоа многумина сопственици на имот да се претвораат во “хотелиери” и да живеат во магацини и бараки, за да можат да ги плаќаат обврските и да ги покриваат насушните  потреби. За прв пат од почетокот на кризата оваа година се зголемила и цените на изнајмување вили низ најпопуларните туристички дестинации во цела Грција. Очекувањата се побарувачката на имот да се зголеми во текот на есента. Во Атина имоти , изнајмуваат од шест до осум илјади, бележат локалните  власти . Со оглед дека оваа година Грција очекува 30 милиони туристи, може да се направи заклучок дека 10% од нив, односно три милиони, ќе вдомат  рентања на сопствените домови.