ИМАМ САМО 29 ГОДИНИ: Доктор ги откри првите зборови на Ериксен откако се разбудил

од Vladimir Zorba

ДРАМАТИЧНИ сцени од стадионот „Паркен“ во Копенхаген, засекогаш ќе бидат врежани во сеќавањето на сите љубители на фудбалот.

Ненадејниот пад на тревата на Кристијан Ериксен, на мечот на Европското првенство со Финска во саботата (0:1), а потоа и петнаесетминутната неизвесност и борбата за живот на играчот од средниот ред на Данска, го потресе целиот фудбал свет. За среќа, Ериксен ја доби најважната игра, а лекарот чиј тим го врати во живот, Јанс Клајнфелд, исто така ја откри првата реакција на креативецот на Интер.

– Тој ги отвори очите по шокот со дефибрилатор. Му требаа околу 30 секунди. Можев да разговарам со него веднаш – вели Клајнфелд.

– Го прашав дали е тука, дали е повторно со нас … Тоа беше трогателен момент. Во такви ситуации во секојдневниот живот шансите да се вратите во животот се далеку помали. Тој рече: „Проклетство, имам само 29 години“. Тогаш знаев дека мозокот не е оштетен.

Вчера беше потврдено дека во иднина, срцето на Ериксен ќе мора да чука со „помош“, за да не се повтори нешто слично од „Паркен“. Данскиот фудбалер ќе има уред наречен ICD (имплантиран кардиовертер дефибрилатор) неопходен за органот од левата страна на градите да работи непречено. Ова го објави докторот на данската репрезентација, Мортен Бренсен, и сè уште е рано за прогнозите во врска со евентуалното враќање на Кристијан на терените.

– Откако Кристијан беше подложен на разни прегледи на срцето, беше одлучено да се вгради ICD. Овој уред е неопходен по срцев удар, бидејќи има нарушувања во работата на срцето. Кристијан го прифати тоа решение и планот го потврдија специјалисти, домашни и меѓународни. Секој го препорачува истото. Ги охрабруваме сите да им дадат мир и приватност на Кристијан и на неговото семејство во периодот што доаѓа – рече Бренсен.

Дејли Блинд го има истиот уред на срцето, кој исто така имал слична лоша среќа, по што било утврдено дека има воспаление на срцевиот мускул.

Слични содржини