Инциденти меѓу студентите и полицијата за време на протестот во Атина против приватние факултети

од Radmila Tasevska

Со мали инциденти меѓу студентите и полицијата заврши  денешниот, четврти по ред протест на учениците и студентите во Атина против одлуката на Владата за отворање на приватни факултети, јави дописничката на МИА од Атина.

Илјадници ученици, студенти и просветни работници и денеска одржаа масовен протест во Атина, но заврши со судири со полицијата, која употреби солзавец, а инцидентите траеа кратко.

Студентите и учениците уште еднаш испратија порака дека високото образование мора да остане државно и бесплатно.

Протестите започнаа на почетокот на јануари и се одржуваат секој четврток, откако грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, соопшти дека создаваат рамка за конечно во Грција да функционираат непрофитни, недржавни високообразовни институции.

Конкетниот предлог-закон се очекува до крајот на февруари да биде изгласан во Парламентот. ср/

Слични содржини